Кристијано Роналдо во вториот, последен дел од интервјуто со Пирс Морган откри дека летово одбил неверојатна понуда од Саудиска Арабија за да остане во Манчестер Јунајтед, клубот во кој се прослави и во кој се врати минатата година, но сега жестоко го напаѓаат.
Тој смета дека не чувствува добра енергија на „Олд Трафорд“ во моментот.
„Сè уште верувам дека можам да постигнам многу, многу голови и дека сè уште сум доволно добар за да им помогнам и на Јунајтед и на Португалија, но тешко е ако не ја чувствувате таа енергија околу вас. Секако дека секогаш има критики: „Ах, тој има 37 години, не е толку добар како што беше…“, но би сакал да видам некој друг на моја возраст да игра на нивото што јас го одржувам“, дополнува Роналдо.