Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс откако во финалето со 3-0 го победи Бугаринот, Христо Калајџиев на Европското првенство во Анталија, Турција.
Илиоски во категоријата до 86 килограми буквално ги збриша ривалите на патот до европско злато, убедливо со три победи идентични 3-0 дојде до европската круна. Пред да го сомле Бугаринот Калајџиев, Илиоски прво со 3-0 го победи Мартин Лоренц од Чешка, а потоа и Борна Манојловиќ од Хрватска.
Покрај Илиоски со медал од Анталија се враќа и Викторија Варадинова, која освои бронза на ова Европско првенство.