Барселона остана без Роберт Левандовски во наредните два седмици, па Чави Хернандез ќе мора без него и на претстојното „Ел Класико“, првиот полуфинален меч од Кралскиот куп на Шпанија. Реал Мадрид в четврток ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.
Левандовски има истегнување на бутниот мускул на левата нога и се очекува да паузира околу две седмици. Повредата ја потврди и каталонскиот клуб.
Барселона е во мини резултатска криза откако загуби од Алмерија со 1-0 во Ла Лига, а претходно доживеа и елиминација од Манчестер Јунајтед во Лига Европа.