Европската ракометна лига сезонава привлекува многу внимание, а на натпреварите може да се видат многу атрактивни потези. Во последното коло беа постигнати неколку атрактивни голови, а посебно внимание привлече погодокот на дуелот Бенфика и Кадетен Шафхаузен. Гостите победија со 27:28, а потегот не само на мечот, туку на цело коло беше виден на пет минути пред крајот.
Бенфика водеше со 25:24, а Кадетен доби удар од корнер. Од една таква ситуација, гостинскиот ракометар Ричардсон одлучи да шутира директно во голот и на изненадување на сите, успеа да погоди. Гол од корнер во ракометот е вистинско чудо, а овој гол се покажа и како клучен момент затоа што Кадетен победи со еден гол разлика.