Младиот хрватски пивот Верон Начиновиќ дефинитивно отпадна од комбинациите за да оди на ЕП. Начиновиќ примил една доза вакцина, а само играчи со две дози можат да одат на европското првенство .
Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Хрвоје Хорват мораше да се откаже од Верон Начиновиќ кој нема да може да настапи на Европското првенство. ЕХФ бара вакцинација со две дози вакцина, а Начиновиќ е вакциниран само еднаш.
Селекторот Хорват затоа го повика Никола Граховац на вториот дел од подготовките и ја објасни ситуацијата со Начиновиќ.
„Нему му забрани лекарот на Монпеље, кој тврди дека Верон е заштитен и дека втората доза може да ја земе дури во март. Зборував со Верон вчера, не е до него и тој веднаш би се вакцинирал, без разлика на мислењето на докторот. За жал, не можам да го водам на овие подготовки, но кој знае за завршниот дел“, вели Хорват за Вечерњи лист.
Само со една доза се вакцинирал и Иван Мартиновиќ, но во наредните денови ќе се вакцинира со втората доза, па со него нема никакви проблеми. Иван Пешиќ бил вакциниран двапати, но бидејќи е вакциниран со Спутник, во Германија не го признаваат, па мора двапати да се вакцинира со друг производител.
Во суштина, нè очекува многу неизвесно првенство, а во однос на коронавирусот, сведоци сме дека некои репрезентации веќе имаат проблеми со позитивните тестови и којзнае што не чека кога се ќе почне.