Француската фудбалска федерација (ФФФ) ги исфрли Лион и ФК Париз од Купот на Франција.
Лион и Париз се сретнаа во 1/16 финалето од Купот на Франција на 17 декември во Париз.
На полувремето на трибините се степаа навивачите на Лион и Париз, а користена е и пиротехничка техника.
На теренот влетаа и навивачите, реагираше полицијата и играта беше прекината при резултат 1:1.
ФФФ одлучи да ги исфрли Лион и Париз од Купот оваа сезона.
Лион ќе треба да плати 52.000 евра, додека Париз ќе ја наполни касата на ФФФ со 10.000 евра.