Во последното коло од групната фаза, Алжир беше очекувано поразен од Шпанија со 19-31, епилог кој беше јасен уште по првото полувреме кое заврши со 22-7. Со овој пораз домаќините на Игрите останаа на седум бода во групата Б, колку што има и Македонија, а бидејќи меѓусебниот дуел ни беше нерешен, 24-24, Македонија ја освои втората позиција и визата за полуфинале поради подобра гол-разлика.
Во полуфиналето ривал ќе ни биде Египет, најдобрата селекција од групата А, која на игриве настапува во полн состав, користејќи ги како подготовка за Африканското првенство (11-18 јули). Во второто полуфинале Шпанија ќе се пресмета со Србија.
Утрешниот ден е слободен, Македонија и Египет играат в понеделник, од 14 часот.