Вториот фаворит славеше со 6-1, 6-2 и 6-4 за место помеѓу најдобрите 16 играчи на грен слемот. Следен ривал на Шпанецот ќе биде Холанѓанецот Ботик ван де Зандшлуп, кој денеска во четири сета го победи Ришар Гаске.
Страшно бозбудлив дуел одиграа Стефанос Циципас и Ник Кирјос. Австралиецот беше подобар од Гркот со 3-1, по сетови 6-7, 6-4, 6-3 и 7-6. Мечот го одбележа многу нервоза, но очигледно Кирјос беше пофокусиран и успеа да го надмудри четвртиот носител на Вимблдон