Лапорта тврди дека Манчестер јунајтед не е единствениот клуб кој притиска за потписот на одличниот Холанѓанец, но клубот нема намера да го продаде. Исто така потврди кога ќе ги промовира новите играчи Френк Кеси и Андреас Кристенсен.
„Френки е врвен играч и нормално е да има интерес за него. Не е само Манчестер, и други клубови пробуваат да ни го одземат, но ние не планираме да го пуштиме. Ниту самиот Де Јонг сака да си замине, така што тука нема дилеми. Единствено што ќе мора да средиме е да ја адаптираме неговата висока плата.
Што се однесува до Кеси, односно Кристенсен, во среда и четврток ќе ги претставиме како наши нови членови на екипата“, истакна Лапорта.
Поранешните играчи на Милан и Челзи од претходно потпишаа договори со Барса и се чини дека засега е решен финансискиот проблем. Наскоро на „Камп ноу“ треба да пристигне и дефанзивното шпанско дуо на Челзи, Аспиликуета и Алонсо.