Фудбалерите на Реал Мадрид остварија победа од 1-0 на домашен терен против Гранада, благодарение на голот на Марко Асенсиo во 74. минута од натпреварот.
Кралскиот клуб благодарение на овој триумф и избега на Севиља на плус шест, а по 23. коло во шпанската Ла Лига е осамен на врвот на табелата.
Гранада подобро го започна натпреварот и се закани во четвртата минута преку Антонио Пуертас, а Реал до крајот на полувремето имаше неколку добри шанси да го загрози голот на гостите.
Пред голот Асенсио имаше добра прилика во 61. минута, но 13 минути подоцна беше многу попрецизен и по неговиот удар со левата нога, топката заврши зад грбот на голманот на Гранада.
https://www.youtube.com/watch?v=Abu9lLyZk58Истиот играч шутираше извонредно во 83. минута по акција во која Лука Јовиќ побара пенал, но Луис Максимијано со одлична одбрана го спречи вториот гол на шпанскиот фудбалер.
Резултатот остана променет до крајот на мечот, а Гранада не успеа посериозно да се закани кон голот на Куртоа .
Гранада ќе мора многу подобро во продолжението од сезоната по третиот пораз во низа, но сепак е на солидна оддалеченост од местото кое води во Сегунда.