Македонскиот интернационалец Ердон Даци со нов гол повторно придонесе значајна победа за својот тим Вестерло овој пат над Ломмел.

Лидерот на табелата триумфираше со 3:0 а Даци беше творец на вториот гол.

Со овој триумф Вестерло ја зголемува разликата на првото место на табелата, и е пред враќање во белгиската „елита“.

Поранешниот младинскиот репрезентативец има постигнато 9 голови во втората лига на Белгија, и е најдобар реализатор во својата екипа.

Вестерло има 40 бодови, односно 8  повеќе од второпласираниот Moленбек. Првопласираниот обезбедува директно учество во Првата лига на Белгија, а  на добар пат е тоа да биде тимот на Даци.

Standings provided by SofaScore LiveScore