Левиот бек на Вилјареал, Алберто Морено, заработи тешка повреда и за него сезоната е завршена. Тоа ќе биде голем удар за шпанскиот тим во продолжение од сезоната.

Морено има скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено и ќе мора да замине на операција, а потоа го очекува и пауза од најмалку осум месеци.

29-годишниот Шпанец, поранешен играч на Севилја и на Ливерпул, оваа сезона во сите натпреварувања има 35 натпревари, постигна шест гола и забележа четири асистенции.