Германскиот гигант Баерн Минхен добива конкуренција за Араухо во најпријатното изненадување во Премиер лигата. Менаџментот на Астон Вила сериозно е заинтересиран за трансфер на уругвајскиот репрезентативец Роналд Араухо кој е член на Барселона.
„Каталонците“ сериозно ја разгледуваат опцијата да го продадат својот фудбалер поради неговата лоша форма во вториот дел од сезоната и на него да заработат добра сума имајќи предвид дека вредноста на Араухо се проценува на 100 милиони евра. Астон Вила претстојната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите и веќе почнува со изградбата на сериозен тим кој ќе има што да каже во елитното натпреварување.
Сепак, клубот од Бирмингем има силна конкуренција за потписот на Араухо во Баерн Минхен кој веќе испратил понуда за искусниот стопер.