Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од следната сезона ќе има нов клуб, односно ќе го носи дресот на Валенсија.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека бил постигнат договор меѓу двете страни за четиригодишна соработка, па така Димитриевски ќе ја добие улогата на прв голман бидејќи Мамардашвили заминува од тимот.
Димитриевски игра во Шпанија од 2012 година кога се пресели во Гранада, а потоа бранеше и за Химнастик пред да се пресели во Рајо Валјекано.