Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер замина од клупата на Манчестер Јунајтед по три и пол години на кормилото на тимот. Не успеа да оствари големи успеси, но и самиот дојде во специфичен момент. Оваа сезона клубот вложи многу во нови засилувања, а нема победничка атмосфера на „Олд Трафорд“.
На Оле Гунар Солскјер му пресуди убедливиот пораз (4-1) од Вотфорд.
„Сите знаете што значи за мене Манчестер Јунајтед и какви беа моите желби со тимот. Сакав да се бориме за трофеи и верувам дека сите знаат дека дадов се од себе. За мене овој клуб е се во мојот живот, „Олд Трафорд“ е мојот дом, Јунајтед е светот, но за жал не успеавме да го постигнеме тоа што го посакувавме. Поради тоа дојде време да се разделиме“, изјави емотивно норвешкиот стратег во последното интервју за клупската телевизија.