Дани Алвеш се врати во Барселона на крајот на минатата година, што беше големо изненадување.
Иако веќе има 38 години, Алвеш по враќањето одигра неколку одлични натпревари во дресот на Барселона и се покажа како многу добро засилување на позицијата десен бек.
Барселона во Купот на кралот беше поразена од Атлетик со 3:2 по продолженијата, а само еден потег на Бразилецот го одбележа овој натпревар. Имено, Атлетик водеше со 2:1 во финишот од регуларниот дел од натпреварот, но Барса израмни на 2:2 во 93. минута.
Многумина веруваат дека Алвеш имал намера да го ангажира Педри, што е навистина неверојатно, бидејќи прво се чинеше дека Бразилецот ќе се обиде да го погоди голот со ножички.