Дамијано Томази е новоизбраниот градоначалник на Верона!
Поранешниот играч на Рома, но и на италијанската репрезентација, во вториот круг на гласање го победи претходниот градоначалник Федерико Сбоарина со 54,4 отсто од гласовите.
Томази успеа да ја обедини левицата на Верона, што не се случува толку често.
Поранешниот фудбалер на „Волчицата“ е родум од Верона, а со Рома успеа да освои едно скудето за десетгодишниот престој во Рим. По пензионирањето се активираше во општествени активности, а од 2011 до 2018 година беше и претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија.