Торино не дозволи залетаниот Емполи да стигне до трета победа во низа и да ги прескокне на табелата, па за три минути со два гола успеа да извлече бод на гостувањето (2-2).
„Биковите“ беа на раб на бездната и безмалку во загубена ситуација откако Емполи со головите на Луперто во 37-та и Марин во 69-та донесоа огромни 2-0.Но кога мечот влезе во финишот, за три минути од 82-та до 85-та минута, Торино преку Ричи и Санабрија успеаа да направат пресврт и да ги шокираат домаќините. На крај освоија бод и со 27 бода останаа осмопласирани, еден пред денешниот ривал и пред Болоња.