Селтик доминира во шкотскиот фудбал, а тоа го покажа и денес со убедливата победа над големиот ривал Глазгов Ренџерс (3-0) во култното „Олд Фирм“ дерби.
„Детелинките“ урагански напаѓаа од сите страни и Ренџерс може да биде среќен што не доживеа уште потежок дебакл.
Уште во 11. минута Селтик даде гол преку Фурухаши, но беше поништен од ВАР поради офсајд. Во 17. минута Маеда донесе предност, а пред крајот на првиот дел Фурухаши реагира подобро и зголеми на 2-0. Во вториот дел, поточно во 75. минута, Мекгрегор ги постави конечните 3-0.
Селтик по четири кола во Шкотска има четири победи и заедно со Абердин се максимални на врвот на табелата. За Ренџерс ова беше прв пораз, или втор кикс по ремито со Хартс.