Францускиот гигант ПСЖ, триумфираше на гости кај Барселона и се пласира во полуфинале на ЛШ, а по мечот Килијан Мбапе ги провоцирал противничките фудбалери, но и навивачите.
Мбапе по мечот почнал да слави на теренот и да ги провоцира ѕвездите на каталонскиот гигант, а потоа тргнал кон гостинската соблекувална при што предизвикал тепачка во која учествувале 60 луѓе, односно фудбалерите, но и членови на стручните штабови.
„Мундо Депортиво“ објави дека никој не е потешко повреден, а останува да се види дали УЕФА ќе отвори истрага по објавата на шпанскиот медиум.
https://t.co/kDtXu60joI