Во неделата во Кристијансунд се одигра дербито од 28. коло на норвешката прва лига, во кое истоимениот домаќин беше поразен со 3:2 од Викинг. Викинзите дојдоа до пресврт со головите во 88. минута и во 3. минута од судиското обештетување во вториот дел.
Покрај задоцнетиот гол, забележан е и бизарен инцидент во судиското обештетување. По последниот гол, дошло до физичка пресметка меѓу голманот на Викинг, Патрик Гунарсон и 22-годишниот словенечки стопер Давид Брекало, негов соиграч.
https://twitter.com/butska1/status/1465017386415923209?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1465017386415923209%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-bizaran-incident-u-norveskoj-slovenac-napao-svog-golmana-pa-dobio-crveni%2F2321726.aspxСловенецот двапати го оттурна својот колега, а судијата за тоа му покажа црвен картон во 5. минута од судиското продолжение. По прегледувањето на снимката стана јасно дека исландскиот голман симулира. Брекало го турна, но во пределот на градите, а Гунарсон се фати за лицето. Сепак, одлуката остана бидејќи ситуацијата не беше разгледана на ВАР, туку само во емисијата по натпреварот.