Екипата на римски Лацио пред некој ден се радуваше на домашна победа против силниот Баерн Минхен, а веќе денеска доживеа пораз на свој терен на Олимпико, во Серија А од Болоња со 2-1.

Тимот на Тиаго Мота уште еднаш потврди дека игра во голема форма оваа сезона.

Лацио поведе со голот на Исаксен во 18. минута, но на пет минути до крајот на првото полувреме Ел Азузи изедначи на 1-1.

Во 78. минута главната ѕвезда на Болоња, Зиркзе постигна гол за комплетен пресврт и победа на Болоња од 2-1.

https://twitter.com/i/status/1759205292863054134