Македонскиот фудбалски репрезентативец, Јани Атанасов постигна гол од пенал и донесе реми за Краковија од гостувањето кај Заглебје Лубин.
Во 73. минута Македонецот со голема самодоверба имаше лесна реализација на пенал со кој ги постави конечните 1-1.
Со овој гол Краковија успеа да извлече позитивен резултат и сега има 25 бода, доволни за десеттата позиција во елитниот полска лига.
Нашиот репрезентативец воедно беше најдоброоценет играч на гостинскиот тим (8,2), и ова за него беше вкупно четврти првенствен подогок во дресот на Краковија.