Хајдук Сплит славеше голема победа во најголемото хрватско дерби против Динамо Загреб со 1:0, во заостанат меч од деветтото коло од првата хрватска фудбалска лига.
Како што и му доликува на големото хрватско дерби, имаше тешка борба на теренот, а на трибините на „Пољуд“, навивачите направија навистина феноменална атмосфера.
Ерупцијата се случи во 63-та минута кога напаѓачот Никола Калиниќ ја затресе мрежата на Динамо Загреб, за кој што настапија македонците Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Со оваа победа, Хајдук се враќа во трката за титула во хрватското првенство и сега има 62 бода по 31 одигран натпревар и сега е на трето место.
Лидер е Динамо Загреб со 66 бода, додека на втората позиција е Осијек со 64 бодови.