Еден навивач на Јунајтед се пошегува со својот клуб дека личи на третолигаш.

„Изгледаме како Шрузбери на „Енфилд роуд’“, објави навивачот.

Ама да е болката уште поголема, реакцијата на Шрузбери е уште поболна за сите манчестеровци.

„Ние дадовме гол на ‘Енфилд’, вие ни тоа!“, објави третолигашот, кој во ФА-Купот сезонава загуби од „црвените“ во неговиот дом со 1-4.

М.Јунајтед е неконкурентен во Премиерлигата, иако во своите редови има неверојатно скапи играчи, од најскапиот дефанзивец Хари Мегваер, преку страшно платените Давид Де Хеа, Пол Погба, Бруно Фернандеш…, кои се во топ 10 најплатени во островската елита. Не играше најплатениот и прва ѕвезда Кристијано Роналдо, поради смртниот случај на неговиот новороден син.