Баер Леверкузен ја прекина лошата серија од два меча без триумф и конечно славеше на гостински терен кај Волфсбург со 2-0 за да освои важни три бода во трката за топ-4 во Бундеслигата.
Двете екипи имаа голем број шанси, а на „фармацевтите“ им требаа дури 86 минути за да го пронајдат „лекот“ за ривалот, кога на сцена настапи Паулињо и со два гола за шест минути го „нокаутира“ противникот.
Леверкузен има 48 бодови на третата позиција, односно три повеќе од петтопласираниот Фрајбург, додека пред „фармацевтите“ се Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.