Фудбалерите на Брајтон гo елиминираа Ливерпул и се пласираа во осминафиналето од ФА купот на Англија. Домаќинот славеше со 2-1 и го продолжува настапот во ова натпреварување.
Харви Елиот во 30.минута донесе водство за Ливерпул, но израмни Луис Данк девет минути подоцна.
Во судиското продолжение од мечот, Митома постигна прекрасен гол и донесе триумф за Брајтон и пласман во следната рунда од ФА купот.