Фудбалерите на Ница денес го совладаа Лил со 1-0, додека Брест со 4-0 го декласира Анже во 20. коло од француската Лига 1.
Лаборд во 34. минута ја затресе мрежата на Лил, а тоа ѝ беше доволно на Ница да освои три бода во дербито.
Брест постигна по два гола во двете полувремиња против Анже, и тоа прво преу Ле Дуарон и Муние, по што погодија и Хонорат и Лес-Мелоу.
На останатите натпревари Монпелје го совлада Оксер, додека Тулуз беше подобар од Стразбур со 2-1.