Атлетико Мадрид оствари минимална победа (0-1) против Осасуна во Памплона. Сега тимот на Диего Симеоне има три бода предност во однос на Вилјареал во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Саул Нигез беше стрелец на единствениот гол за Атлетико Мадрид.
По одличното додавање од Родриго де Пол, Саул Нигез ја прифати топката на гради, влезе во шеснаесетникот и ја погоди мрежата на противникот во 74.минута од дуелот.