Навивачите на Гезтепе ја одушевија македонската јавност и Адис Јаховиќ со кореографијата во вчерашниот пораз од Алтај (0-2) во Суперлигата.
Најверните фанови на клубот пред натпреварот на својот „Гурсел Аксел“ истакнаа навистина убава кореографија, а на неа се најде и македонското знаме. Тоа секако беше така поради Јаховиќ кој е миленик на фановите кои и претходно му оддаваа почит.
Иако голгетерот не беше во составот за дуелот со Алтај, тие не го заборавија и организираа одлична кореографија на која во „3Д“ верзија се појави знамето на Македонија. Самиот Јаховиќ ја сподели фотографијата на својот Инстаграм и напиша: ,,Немам зборови”