Фудбалерите на Баер Леверкузен и Штутгарт одиграа нерешено без голови во натпревар од деветото коло во Бундеслигата.

Баер имаше повеќе од играта и упати дури 18 удари кон противничкиот гол, но голманот на Штутгарт ги запре сите пет кои одеа во рамките од голот.

Фримпонг во првото полувреме успеа да и да ја погоди мрежата, но погодокот беше поништен поради офсајд, па остана почетниот резултат.

Се редеа потоа прилики за Бонифејс и Вирц во неколку ситации, меѓутоа Штутгарт на крајот освои бод против актуелниот шампион на Германија.

Баер во овој момент е трет во Бундеслигата со 16 бодови, четири помалку од Лајпциг и Баерн кои имаат и натпревар помалку, додека Штутгарт е седми со бод помалку.