Кошаркарите на белградски Партизан го доживеаа и петтиот пораз во Евролигата откако Фенербахче во Истанбул ги победи со резултат 89-72.

Партизан го одигра најлошиот натпревар во евролигашката сезона во секој сегмент од играта. На црно-белите им недостасуваше енергија и желба, а тоа домаќинот знаеше да го искористи.

Освен почетното водство од 0-2, Партизан се држеше во егал се до 11-11 кога Брендан Дејвис ја погоди првата тројка за својот тим. Од тој момент започна распадот на црно белите од Белград.

Како што времето одминуваше така и предноста на турскиот гигант растеше, а на пауза домашниот тим имаше „плус 13“ (44-31).

Второто полувреме не донесе промена во играта на Партизан, па набрзо стана јасно дека бодовите остануваат во Истанбул. Партизан остана само на два триумфи и сега е многу поблиску до дното на табелата отколку до врвот.

Најефикасен во Партизан беше Франк Ниликина со 14 поени, додека за Фенербахче Најџел Хејс уфрли 24 поени.