За разлика од првиот меч кога Велика Британија убедливо нѐ победи, јуниорската селекција денеска има за што да жали, зашто во најголем дел од мечот водеше, имаше убедлива предност во еден момент од 17 поени разлика, а на крај остана без ништо и доживеа болен пораз, сето тоа поради огромниот пад на концентрацијата.
После предноста од плус 12 по првиот период (31-19), па 17-те поени разлика кои ги достигнавме во вториот период, Македонија застана, а Австријците почнаа да ја топат предноста и во завршниот период се влезе во неизвесна завршница во која со серија грешки и нереализирани напади, практично им ја подаривме победата на противниците.
Шошќиќ беше на чекор на трипл-дабл со 27 поени, 10 скока и 9 асистенции, а Иванов и Луканоски дадоа по 14 во нашиот табор.