Француската ѕвезда од Барселона, Осман Дембеле одбил џиновски 200 милиони евра од Ал Наср за да се пресели во Саудиска Арабија, открија француски новинари.
Според информациите, Дембеле добил понуда за петгодишен договор и плата од 40 милиони евра годишно, а Ал Наср да го плати трансферот од 50 милиони евра, но крилниот напаѓач ја одбил понудата зашто сака да остане да игра во Европа.
Дембеле во изминатите години се инаетеше со Барса за новиот договор, бараше многу пари, но потоа реши да се спушти на земја откако Чави Ернандез го најави како еден од клучните играчи за тимот и сега иако доби понуда што не се одбива и шанса да игра заедно со Кристијано Роналдо, се реши дека подобро за него е да остане во Каталонија.