Лацио оствари убедлива победа (0-4) на гости против Фиорентина и се искачи на третата позиција на табелата во Серија А со 20 бода, три помалку од лидерот Наполи.

Матијас Весино донесе предност, а Матија Закања во 25.минута зголеми на 0-2.

Во вториот дел, Луис Алберто и Чиро Имобиле дефинитивно го дотолчија домаќинот.