Јосип Иличиќ доби неограничено слободно време откако повторно западна во депресијата со која се бореше од почетокот на пандемијата на коронавирус. Одличниот словенечки играч за врска беше страшно потресен од смртните сцени во Бергамо на крајот на 2019 година, а се му се врати во последните недели, кога пандемијата повторно се прошири во Италија.
Иличиќ последен пат во стартниот состав на Аталанта беше во средината на декември. Оттогаш тој двапати влегуваше од клупата за резерви, и три пати паузираше. Италијанските медиуми открија дека Словенецот повторно има психички проблеми, а ова е првпат тренерот Џан Пјеро Гасперини да зборува за тоа.
„Ужасно ми е тешко да зборувам за такви работи бидејќи се ужасно деликатни. Можам само да кажам дека како клуб секогаш ќе бидеме со него бидејќи тука не се работи за фудбал, туку за нешто многу поважно“, изјави Гасперини.
“Го познавам со години и поминавме многу заедно. Јосип е нормална, позитивна личност, но понекогаш нашите умови се како џунгли. Тие се тешки за експертите, а камоли за нас фудбалските работници. Само се надевам дека тој закрепнува и ќе се врати“.