Ефикасен натпревар се одигра денеска во Монпелје, каде што Рен успеа да слави повторно против стариот ривал, и тоа овој пат со 4-2 во 26. коло од француската Лига 1.
Терие и Бурижо го шокираа домаќинот за само 15 минути на теренот (2-0), меѓутоа Монпелје се разбуди и до полувреме успеа да израмни на 2-2 со головите на Ојонго и Вахи.
Рен постигна уште два погодоци во вторите 45 минути преку Лаборд и Мајер кои ја потврдија победата од 4-2 на гостинскиот состав.
Тимот на Рен по 26 одиграни меча има 43 бодови и остана во трка за Лига на шампиони (ЛШ), а пред него се Ница со 45, Марсеј со 46 и ПСЖ со 59 бода.