Натпреварот почна добро за „росонерите“ бидејќи Месиас погоди во петтата минута за водство од 1-0, но нивната предност не траеше долго бидеќи Бонацоли во 29. минута израмни на 1-1.
По паузата Милан тргна да ги освои трите бода, меѓутоа беше шокиран во 72. минута од Ѓуриќ, кој погоди за водство од 2-1 на Салернитана, по што Ребиќ пет минути подоцна им донесе бод на гостите.
Милан останува на првата позиција, со 56 бодови, односно два повеќе од Интер и три повеќе од Наполи.