Њукасл го совлада Нотингем Форест на гости со 1-2 и успеа да се доближи до четвртопласираниот Тотенхем на само еден бод. Двоен стрелец за гостите беше Александер Исак, кој победничкиот погодок го постигна од пенал во 93.минута од мечот.
Емануел Денис во 26.минута донесе водство за Нотингем Форест, но Исак израмни непосредно пред одморот.
Во судиското продолжение, Муса Ниакате играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а тоа значеше и пенал за Њукасл. Успешно го реализираше Александер Исак за многу важен триумф за Њукасл.