Рајо Валјекано продолжува со лошите резултати во Ла Лига, па ниту денес не успеа да оствари триумф, иако на двапати водеше против Жирона (2-2).
Палазон го постигна првиот гол во 23. минута за водство од 1-0, по што Циганков израмни на 1-1. Рајо се врати во предност преку Трехо во 34. минута, но истиот фудбалер потоа не реализираше пенал за да го зголеми водството на 3-1.
Казната набргу го стигна Рајо, Циганков во вториот дел уште еднаш го матира Столе Димитриевски и израмни (2-2), за Жирона да освои важен бод.
Рајо има 36 бодови на осмата позиција во Ла Лига, додека Жирона е на 11. место со 31 бод.