Тимот на Баерн Минхен барем малку ги залечи раните за лошата сезона и елиминацијата од ЛШ против Реал, со триумфот од 2-0 на „Алијанц арена“ против Волфсбург. На коло пред крајот на шампионатот, Баерн е на втората позиција со 72 бода, два повеќе од Штутгарт.
Младиот Ловро Звонарек го постигна дебитантскиот гол за Баерн откако доби шанса како стартер од Томас Тухел. Вториот гол беше дело на Леон Горецка.
Баерн има 72 бодови на втората позиција, додека Штутгарт е трет со 70 бода, а Волфсбург остана на 12. место со 37 бода.