Сите ја посакуваа седуката на Роналдо по вчерашниот натпревар.
Кристијано Роналдо во саботата го имаше своето второ деби за Манчестер Јунајтед. Се врати на „Олд Трафорд“ за прв пат од 2009 година со стил.
Португалецот постигна два гола во победата од 4-1 над Њукасл, а гостинските фудбалери беа импресионирани од Роналдо, што некои водеа жестока битка за неговиот дрес на крајот од натпреварот.
Британските медиуми наведуваат дека Џамал Ласелс, Исак Хајден и Жоелингтон биле во жестока дебата за дресот на Роналдо, но не е познато кој на крајот го разменил дресот со sвездата на Јунајтед.
Роналдо играше на овој стадион од 2003 до 2009 година, па вели дека е пресреќен што повторно има можност да слави пред навивачите на Јунајтед.