Тој упати и своевидна критика кон Барселона и изјави дека заминувањето на Меси од Барселона можело да биде избегнато.
„Знам со сигурност дека неговото (Меси) заминување не беше од економски причини и дефинитивно можеше да биде избегнато. Можеби заминувањето на Меси мене најмногу ме погоди, бидејќи јас лично сметам дека тој е најдобриот фудбалер во историјата“, изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.