Екипата на Наполи го совлада Јувентус со 2:1 во 3. коло од италијанскиот шампионат и скокна на чело на табелата со максимални девет бода. Јувентус се уште нема триумф и по три кола има два порази што е многу слаб старт на екипата.

„Старата дама“ поведе со голот на Алваро Мората во 10. минута. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас го одигра првото полувреме во кое имаше една шанса и доби жолт картон.

Тренерот Лучано Спалети одлучи да менува нешто и во играчкиот кадар и во тактиката, па Елмас излезе од игра. Десеттина минути подоцна Политано го изедначи резултатот, а во финишот на мечот бекот Калиду Кулибали ја донесе победата за тимот од Неапол.