Челси славеше на „Стемфорд бриџ“ против незгодниот тим на Астон вила со 3-0, иако гостинската екипа беше опасна кон голот на актуелниот освојувач на Лигата на шампиони.
Ромелу Лукаку доби одлична асистенција од Матео Ковачиќ во 15. минута, а тој потоа со одличен потег го измами дефанзивецот на Астон вила и постигна гол за 1-0.
Во вториот дел се случи голема грешка во одбраната на Астон вила, а тоа го казни Ковачиќ, кој стрелаше за 2-0.
Триумфот на „сините“ го потврди Лукаку со неговиот втор гол на мечот и ги постави конечните 3-0.