Италија беше елиминирана од Македонија на патот до Светското првенство во Катар, но тоа не е проблем за капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн да ги стави „аѕурите“ меѓу фаворитите за шампионатот кој ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.
Имено напаѓачот на Тотенхем доби можност да каже кои се селекциите кои се во пол позиција да бидат шампионите на собирот на најдобрите светски селекции, група во која без проблеми ја стави и Италија која е принудена да пропушти втор ваков настан во низа.
-Има многу добри тимови. Имате неколку врвни европски репрезентации: ние, Германија, Франција, Шпанија, Италија, потоа ги имате Бразил, Аргентина.
-Имате врвни тимови ширум светот. За да го освоите Светското првенство, треба да бидете на високо, високо ниво седум натпревари, -порача Кејн за ЕСПН.