Екипите на Њукасл и Ливерпул одиграа неверојатно возбудлив натпревар на „Сент Џејмс Парк“ и одиграа нерешено 3-3 во луда пресметка. Александер Исак со прекрасен гол во 35.минута го доведе Њукасл во водство, а Кертис Џонс израмни на 1-1 во 50.минута. Гордон повторно обезбеди предност за Њукасл, а потоа Ливерпул направи целосен пресврт за водство, со два гола на египетскиот ас Мохамед Салах.

Но во самиот финиш, Фабијан Шер не дозволи Њукасл да го загуби дуелот со лидерот и постигна гол за израмнување на 3-3 во 90.минута.

Актуелниот англиски првак Манчестер Сити конечно победи после серија на лоши резултати, откако на „Етихад“ славеше против Нотингем Форест со 3-0. Португалецот Бернардо Силва во осмата минута донесе водство за Сити, а Кевин де Бруин зголеми на 2-0 во 31.минута. Стрелец на третиот беше Жереми Доку во 57.минута.

Челси постигна убедлива победа против Исвич на гости совладувајќи го со 1-5. Дисаси, Нкунку и Мадуеке донесоа убедливо водство уште во првиот дел, а голедата ја завршија Палмер и Дусбери-Хол. Арибо беше стрелец на голот за Ипсвич.