Актуелниот македонски ракометен првак, екипата на Еурофарм Пелистер извојува голема победа над полскиот Висла Плоцк од 21:18 во дуелот од 10. коло во ЛШ.

Пелистер ја забележа втората победа во ЛШ, битолчани се одмаздија за поразот во Полска. Избраниците на Алонсо дојдоа до важен триумф кој може да биде клучен во битката за нокаут фазата.

Пелистер се надева на пласман во нокаут фазата, а вакви резултати се потребни за место што води во наредната рунда. Во исцрпувачки дуел, Пелистер се избори за втор триумф во групната фаза и шести бод па сега се наоѓа на шестата позиција на табелата.

Голманот Митревски заврши со 13 одбрани, Филип Кузмановски постигна седум гола, а одличен настап имаше и словенецот Домен Тајник со четири реализации. Кај Висла со шест гола најдобар беше Миха Зарабец.