Селекторот Лазаров со изјава пред натпреварот.
Борбена игра на теренот ќе биде победа за сите, достоинствено да се одигра против име како што е Данска.
“Да, јас сум голем оптимист. Јас не се предавам. Сум имал вакви моменти во кариерата играчка. Имаме напредок, само да го преточиме во победи. Прв следен предизвик ни е пласман на СП. Со Данска треба да се опуштиме, да играме без притисок, ќе одиграме, ќе уживаме. Очекуваме оваа депресија по мечот со Црна Гора што ни се случи да ја промениме со позитива. Сите овие што се тука, посебно помладите да ја искористат шансата“, изјави Лазаров.
Пред дуелот меѓу Македонија и Данска на теренот силите ќе ги одмерат Словенија и Црна Гора ова ќе биде битка за второто место во групата кое носи во главната фаза.