Дaнските ракометари обезбедија полуфинале на Европското во ракомет совладувајќи ја Холандија со 35:23 (21:12). Десеткувани од коронавирусот, Холанѓаните не можеа да се соочат со Данците, кои се единствените во првенството непоразени. Веќе во средината на првиот дел, Данците дојдоа до +10 со серија од 9:2, на полувремето имаа 21:12, а остатокот од играта мина во ревијален карактер.

Кај Данците Гидсел постигна девет, а Хансен седум гола, додека Холанѓаните беа предводени од Бајенс (6). Данска во последното коло игра против Франција, а Холандија со Хрватска која по оваа победа на Данска остана без теоретски шанси да стигне до третото место во групата.

Третото место за Хрватска би значело натпревар за петтото место, од кое последното директно води на следното Светско првенство во ракомет. Така, Хрватска ќе мора да ги мине квалификациите за Светското првенство, за кои наскоро ќе се одржи ждрепката.

Standings provided by SofaScore LiveScore